Високите температури до 37 Целзиусови степени, наскоро ќе бидат прекинати со грмежи што ја очекува Германија во наредните денови.
Во петок во северозападниот дел на земјата ќе биде облачно, со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот, веројатноста за појава на грмежи ќе се зголеми од Ајфел до Западна Померанија.
Германската метеоролошка служба во Офенбах објави дека на југоистокот од земјата ќе биде сончево и суво.
Кога станува збор за максимални температури, петок носи разлика до 14 степени – на запад и север од 23 до 29 степени, каде инаку беше од 30 до 37 степени.
Петок вечер до сабота ќе врне дожд од запад преку центарот до северо-исток од земјата, со грмежи на некои места.
Се очекува грмежи во југоисточна половина во сабота.
Во текот на денот се очекуваат посилни грмежи, особено во правец на југоисточна Баварија и источна Саска.
На северот и западниот дел на земјата ќе биде наизменично облачно, само во Северното Море може да има врнежи со грмежи или краткотрајни врнежи. Максималните температури ќе бидат помеѓу 22 и 28 Целзиусови степени.