Сите граѓани на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, на седница е донесена одлука од Кризниот штаб во Србија.
Оваа одлука нема да се однесува на српските државјани кои доааѓаат од територијата на тие земји, изјавија по одржување на седница од Кризниот штаб.
Од таму додадоа дека пропишаниот период од 48 часа започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите.
Ваквата одлука е донесена врз основа на проценка на состојбата, како и врз основа на анализите на бројките во државата и соседните држави. Покрај ова, донесена е одлука од денес да не важат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора во однос на влегувањето во Србија.