Федералната влада на Сојузна Република Германија одлучи да го обнови летниот парк на Бундесверот (Вооружените сили на Германија) со тоа што порача три авиони од типот на A350-900 за потребите на претставниците на власта.
Имено, на 20 август годинава, во Хамбург, се состоеше официјалното предавање на првиот испорачан авион, секако во присуство на министерката за одбрана Анегрет Крамп – Каренбауер. Авионот се комплетираше во Хамбуршкиот Технички Центар на Луфтханза. Во следните денови, се очекува авионот да ја добие потребната сертификација после неколкуте пробни летови.

По предходни сознавања, авионот ќе стапи во употреба дури кон крајот на 2020 година. Уште два нови авиона ќе стапат во експлоатација кон крајот на 2022. Цената на еден чини околу 150 милиони евра.
Во последно време, во летниот парк на Вооружените сили се набљудуваат чести непредвидени ситуации поради технички неисправности на авионите. Причината се состои во застарувањето на моделите на авиони. Се случувало и нарушување на графикот на полетувања, токму поради техничка неисправност. Така на пример, во 2018 година канцеларката Ангела Меркел задоцни за Самитот G20 во Буенос Аирес поради слична ситуација.
Вооружените сили располагаат со вкупно 17 авиони, од кои најстариот е веќе 30 години во употреба.