Трагедија кај Франкфурт: Жена со автомобил влетала под камион, загинала на лице место

Трагедија кај Франкфурт: Жена со автомобил влетала под камион, загинала на лице место

Во четвротокот вечерта, жена (30) со автомобил влетала под камион на автопатот А5 кај Франкфурт и загинала на лице место.

Жена влетала во задниот дел од камионот додека возела во средната лента со голема брзина. Според информациите на полицијата, таа веројатно не видела дека има застој во сообраќајот.

Од силен удар, Аудито било турнато под камион.

Автомобилот бил извлечен од противпожарен кран, а возачот бил ослободен со хидрауличен уред за спасување, соопштија пожарникарите и полицијата во четвртокот.

Лекарот од Брза помош можеше само да ја утврди нејзината смрт. Возачот на камионот доживеал шок и му била потребна лекарска помош. Полицијата не го наведува идентитетот на несреќната жена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *