Германија ги предупредува своите граѓани: Повеќето заразени патници пристигнуваат од автопатот А3 – еве од која насока

Германија ги предупредува своите граѓани: Повеќето заразени патници пристигнуваат од автопатот А3 – еве од која насока

На германските автопати основано е дека најголем процент на заразени од Ковид-19, има во центарот за тестирање во областа за одмор на автопатот А3 Донаутал-Ост кај Пасау.


На автопатот А3 главно пристигнуваат патници од Западен Балкан во Германија, пишува Дојче веле. Тие велат дека германското Министерство за здравство имаат потврдено во вторникот (11-ти август) дека околу 2,4 проценти од тестовите во центарот за одмор Донаутал-Ост се позитивни. Од отворањето на тест-центарот (30 јули), 17 000 патници се согласиле на тестот, од кои повеќе од 400 беа позитивни, пишува Бр.де.

На подрачјето за одмор во Хофелн, на автопатот А8, помал е процентот на заразените (1,2 проценти), во одморалиштето Интал-Ост, на автопатот А93 има заразени 0,4 проценти.
На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 се заразени.На автопатот А93 од 7.285 тестови, 32 од нив биле позитивни.

Süddeutsche Zeitung ја пренесува изјавата од баварска министерка за здравство Мелание Хумл, која вели дека големата разлика во процентот на заразените лица се објаснува со фактот дека центарот за тестирање на автопатот А3 е „широко користен од патници од Западен Балкан“.
Новинар од „Süddeutsche Zeitung“ истакнува дека за државите од областа, како што се Србија и Босна и Херцеговина, германското Министерство за надворешни работи ги предупредува граѓаните да не патуваат во тие земји заради зголемениот ризик од инфекција.

Во Баварија, патниците можат да бидат тестирани за инфекција со вируси Сарс-КоВ-2 бесплатно на аеродромите во Минхен, Нирнберг и Меминген, како и на главните железнички станици во Минхен и Нирнберг, како и на некои места за одмор на автопатите А3, 8 и 93.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *