Германците кои се враќаат од годишен одмор, поминат во странство, од 1 август можат да се тестираат бесплатно, исто така важи и за мигранти кои живеат и работат во Германија.
Како што објасни министерот за здравство Jens Spahn, сите оние коишто се враќаат во земјава можат да се тестираат, без оглед на тоа дали имаат симптоми, во рок од 72часа по враќањето, а тоа можат да го направат како на пример на местата определени за тестирање на аеродромите, кај локалните здравствени установи или во здравствени ординации.
Тестот првично го плаќаат компаниите за здравствено осигурување. Сојузна влада ги покрива трошоците со зголемени трошоци, што веќе е донесена таа одлука.