ДАЛИ ДУБАЈСКОТО ЧОКОЛАДО Е ШТЕТНО ПО ЗДРАВЈЕТО? Еве што открија експертите од Stiftung Warentest во чоколадото

ДАЛИ ДУБАЈСКОТО ЧОКОЛАДО Е ШТЕТНО ПО ЗДРАВЈЕТО? Еве што открија експертите од Stiftung Warentest во чоколадото

Дубајското чоколадо: Колку се безбедни состојките што ги содржи?

Популарното дубајско чоколадо, кое со месеци привлекуваше огромно внимание на социјалните мрежи, доби разочарувачки резултати на неодамнешниот тест на германската организација Stiftung Warentest. Тестирањето откри присуство на токсини од мувла и штетни материи во маснотиите кај дел од примероците.

Чоколадото, кое чини од 7 до 25 евра по плочка, беше препорачувано од многу инфлуенсери како врвен деликатес, но експертите предупредуваат дека неговиот квалитет не е на очекуваното ниво. Според Торстен Книперц, експерт за заштита на потрошувачите, потенцијалната штетност зависи од количината што се консумира.

„Афлатоксините, токсини што ги произведува мувлата, можат да бидат канцерогени доколку се внесуваат во поголеми количини и можат да му наштетат на црниот дроб и бубрезите“, вели Книперц во интервју за RTL. Дополнително, во чоколадото се пронајдени штетни нуспроизводи што често се среќаваат и во други преработени намирници.

Недостаток на информации и сомнителен квалитет

Освен проблематичните состојки, Stiftung Warentest исто така забележа дека пакувањето на чоколадото нема јасни податоци за нутритивните вредности, ниту важни информации за лица со алергии. Според нив, четири од шест тестирани примероци не требало да се продаваат во Германија.

Дополнителен проблем е што во чоколадото има многу малку ф’стаци, иако токму оваа состојка беше еден од главните атрибути што го направија производот толку популарен.

Совет за потрошувачите

Експертите препорачуваат потрошувачите да бидат претпазливи и, наместо да даваат пари за скапо чоколадо со сомнителен квалитет, да се обидат сами да подготват домашна верзија.

„Домашното чоколадо не само што е повкусно, туку и поздраво, а и самото правење може да биде забавно искуство“, советува Книперц.

Иако оваа чоколада стана вистински хит на социјалните мрежи, резултатите од тестирањата покажуваат дека не ја оправдува својата висока цена. Потрошувачите треба да бидат внимателни и да избираат производи со проверен квалитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *