НЕВЕРОЈАТНИ 8:2 / Баерн ја прегази Барселона

НЕВЕРОЈАТНИ 8:2 / Баерн ја прегази Барселона

Фудбалерите на Баерн Минхен ја совладаа Барселона со 8-2 (4-1) во четвртфиналето од Лигата на шампионите на стадионот „Луз“ во Лисабон.

Перишиќ постигна гол за водство од 2-1 на Баерн во 21. минута кога добро ја следеше акцијата на Гнабри, навреме истрча во празниот простор на левото крило, а потоа го совлада Тер Штеген со силен удар од 10 метри.

Томас Мулер (4, 31) и Филипе Кутињо (85, 89) постигнаа по два гола за Баерн, а Габри (28), Кимих (63) и Левандовски (82) додадоа по еден погодок на секој, додека пак за Барселона, Алаба постигна гол во (7- мин.) и Суарез (57).

Меси, Суарез и другарите со наведнати глави го напуштија тревникот по невидениот срам што им се случи вечерва.

Баерн ќе игра и во полуфиналето на 19 август во Лисабон против победникот од последното четвртфинале во кое ќе се сретнат Манчестер Сити и Лион во саботата.

Париз СЖ и РБ Лајпциг ќе играат во првото полуфинале на 18 август

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *