ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНА ЗА НАВИВАЧИТЕ: Германското Министерство за здравство ја продолжи забраната за враќање на навивачите на стадионите до крајот на Октомври

ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНА ЗА НАВИВАЧИТЕ: Германското Министерство за здравство ја продолжи забраната за враќање на навивачите на стадионите до крајот на Октомври

Поради пандемијата на коронавирус, Министерство за здравство во Германија е во договор со министерствата за здравство на германските сојузни држави, кои ја продолжија забраната за враќање на навивачите на фудбалските стадиони се до крајот на октомври годинава.

Германската фудбалска лига (ДФЛ) беше прва европска лига што го продолжи шампионатот кон средината на мај со строго придржување кон мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, првично планираното враќање на навивачите на германските стадиони кон средината на септември, за жал остана само обична желба на клубовите и навивачите.

Како што е веќе познато, делумното враќање на навивачите на германските стадиони, кое го предложи ДФЛ на почетокот на август, го поддржаа 36 германски професионални фудбалски клубови од прва и втора Бундес лига.

Сепак, денешната одлука да се продолжи со забраната на сите големи собири до 31 октомври разочара многу Германци, при што германскиот министер за здравство Јенс Спан им рече дека „во сегашната ситуација, кога бројот на заразени се зголеми во последните денови, враќањето на гледачите на стадионите би бил лош сигнал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *