Пукање во Германија: Повредени најмалку четири лица

Пукање во Германија: Повредени најмалку четири лица

Најмалку четири лица се повредени во престрелка во берлинскиот кварт Кројцберг во петокот вечерта, соопшти полицијата рано утрото во саботата.

Голем број полицајци пристигнаа во Стресеманстраште каде се случи пукањето. Во полициската акција бил користен и хеликоптер.

Според РНД, тројцата повредени се пронајдени на почетокот на Стресеманстрасе во близина на кој се наоѓа седиштето на партијата СПД.

Друг повреден човек бил извлечен од блискиот канал Ландвехр, наводно, се здобил со повреда на ногата. Се верува дека човекот скокнал сам во вода. Полицијата изврши претрес во областа во близина на подземната станица Макернбруке.

Во саботата наутро полицијата сè уште не излезе со подетални информации за позадината на злосторството. Германските медиуми пишуваат дека повеќе за целата ситуација треба да се открие во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *