ХАОС ВО ЗГРАДА ВО ФРАНКФУРТ: Граѓаните повикале полиција, жена нападнала полицаец

ХАОС ВО ЗГРАДА ВО ФРАНКФУРТ: Граѓаните повикале полиција, жена нападнала полицаец

Граѓаните од зградата на франкфуртската улица Hallgartenstraße во четврток околу 13:15часот повикале полиција поради жена која на скалите од зградата „Викала, трескала и дивеела“

Полицајците брзо стигнале и ја затекнале жената на скалите. Таа имала нож во рака и им се заканувала на полицајците. Зборувала со висок тон неповрзано.

Според полициското соопштение, кога полицајците и се заканиле дека ќе го користат оружјето, таа се смирила, а потоа се заклучила во својот стан. По некое време, полицајците успеале да ја отворат вратата на станот. Во моментот кога полицаецот влегол во станот, жената го нападнала со нож и сакала да го прободе во главата и вратот. За среќа, полициската заштитна опрема го спречила најлошото.

Полициските службеници успеале да ја совладаат жената и да ја уапсат.

Жената е откриена дека има психички потешкотии и била однесена во ментална установа. Освен тоа што има 47 години, полицијата не го откри идентитетот на жената.

Таа се соочува со кривична пријава за обид за убиство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *