Нов авион за Ангела Меркел во износ од 150 милиони евра

Нов авион за Ангела Меркел во износ од 150 милиони евра

Федералната влада на Сојузна Република Германија одлучи да го обнови летниот парк на Бундесверот (Вооружените сили на Германија) со тоа што порача три авиони од типот на A350-900 за потребите на претставниците на власта.

Имено, на 20 август годинава, во Хамбург, се состоеше официјалното предавање на првиот испорачан авион, секако во присуство на министерката за одбрана Анегрет Крамп – Каренбауер. Авионот се комплетираше во Хамбуршкиот Технички Центар на Луфтханза.  Во следните денови, се очекува авионот да ја добие потребната сертификација после неколкуте пробни летови.

Илустрација: Макета на моделот А350-900. Принтскрин//flugrevue

По предходни сознавања, авионот ќе стапи во употреба дури кон крајот на 2020 година. Уште два нови авиона ќе стапат во експлоатација кон крајот на 2022. Цената на еден чини  околу 150 милиони евра.

Во последно време, во летниот парк на Вооружените сили се набљудуваат чести непредвидени ситуации поради технички неисправности на авионите. Причината се состои во застарувањето на моделите на авиони. Се случувало и нарушување на графикот на полетувања, токму поради техничка неисправност. Така на пример, во 2018 година канцеларката Ангела Меркел задоцни за Самитот G20 во Буенос Аирес поради слична ситуација.

Вооружените сили располагаат со вкупно 17 авиони, од кои најстариот е веќе 30 години во употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *