Десет лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот А67 кај Лорш (Хесен), меѓу кои и 6 деца чиј идентитет не е идентификуван од германската полиција.
Несреќата се случила во неделата, попладне, кога 39-годишен возач решил да премине од левата лента на автопатот до средната и со приколка удрил во автомобил. Потоа со возилото удрил во банкина и застанал, соопшти полицијата.
Покрај возачот, во тој автомобил имало и дете. Се здобиле со сериозни тешки телесни повреди.
Автомобилот со приколка удрил во другото возило, потоа и двете возила слетале од автопатот. Еден автомобил започнал да гори, но пожарникарите успеајале да го изгаснат пожарот.
Двајца патници од тие две возила се сериозно повредени. Другите возрасни и пет други деца се здобиле со полесни повреди. Автопатот беше затворен за сообраќај некое време.