Лекарите во Германија бараат: Продолжете го ‘lockdown’ најмалку уште две недели

Лекарите во Германија бараат: Продолжете го ‘lockdown’ најмалку уште две недели

Лекарите за интензивна нега побараа продолжување на правилата за корона кои моментално се на сила во Германија.

„Јас не се залагам за неопределено продолжување на затварањето. Но, потребно е да се продолжат сегашните мерки за најмалку две недели “, изјави претседателот на Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и итна медицина (ДИВИ) Гернот Маркс, за порталот t-online.

Состојбата на одделите за интензивна нега е многу сериозна и покрај падот на бројот на пациенти, така ќе биде до Велигден, рече Маркс. Сите вработени во одделенијата за интензивна нега се во постојана вонредна состојба скоро една година.

Тој би зборувал за „вистинска релаксација“ само доколку имало помалку од 1.000 пациенти на интензивна нега за короната. Во моментов ги има околу 4.200.

Во исто време, Маркс предупреди на трет бран на короната поради ширењето на можеби особено заразни верзии на вирусот. „Ако започне пред да го завршиме вториот бран, тоа е уште еден екстремен товар за болниците“, нагласи Маркс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *