Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените.
Родителите на децата хоспитализирани во Штипската болница по пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани добиваат дозвола да ги посетат своите најблиски.
Пред болничкиот објект присутни се полициски службеници и волонтери од Црвениот крст, кои им даваат поддршка на семејствата.
Целиот медицински персонал во Клиничката болница во Штип е мобилизиран од раните утрински часови за да обезбеди потребна нега на повредените.
Според директорот на болницата, Владко Захариев, во оваа установа се згрижени 38 пациенти со изгореници од втор степен на лицето и рацете, а нивната состојба е стабилна. Пациентите со потешки повреди, односно изгореници од трет степен, се префрлени на клиниките во Скопје за понатамошен третман.